По летниот одмор, пратениците од денеска на работа

По летниот одмор, пратениците од денеска се враќаат на своите вообичаени активности во Собранието. Во текот на оваа недела се очекува да бидат соопштени и информации за тоа дали и како на пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во јавната кампања за референдумот, но и тоа дали Собранието, како овластен предлагач, со свои претставници ќе ја набљудува работата на изборните органи што ќе го спроведуваат референдумот на 30 септември.   

За денеска на собраниската веб-страна е закажана седница на Комисијата за економски прашања, а за 29 август, пак, 58. пленарна седница. До средината на неделата се очекува и првата координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи. 

На дневен ред на Комисијата за економски прашања е Годишниот извештај за Комисијата за заштита на конкуренцијата 2017 година. 

Засега за 58. собраниска седница на дневен ред се ставени 19 точки, претежно измени на закони во прво читање.  

На последната средба со новинарите на 31 јули претседателот на Собранието Џафери кажа дека после одморите  треба да се очекува, Собранието да ги избере членовите на неколку второстепени комисии кои останаа без своите први луѓе по нивното разрешување, но исто така да биде избран и директор на ОТА. 

Во септември се очекува да финализираат измените на Деловникот на Собранието на Република Македонија на средба во рамки на Жан Моне процесот на која треба да присуствуваат и тројцата европратеници.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе