По контактот со Зекири, во самоизолација и директорот на Финансиска полиција

Директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми е во самоизолација, поради тоа што бил во контакт со пратеникот од СДСМ, Мухамет Зекири.

Би сакал да ве информирам дека деновиве имав средба со г. Мухамет Зекири пред да излезе позитив на тестирањето на ковид-19. Од тие причини истиот ден одлучив да се самоизолирам согласно сите протоколи препорачани од надлежните институции, напиша Муареми на неговиот Фејсбук профил.

Тој истакна дека нема никави симптоми и оти во текот на оваа недела ќе биде тестиран од Институтот за јавно здравје.

„На Мухамет Зекири заедно со фамилијата му посакувам што побрзо оздравување“, додаде Муареми во неговиот Фејсбук статус. 

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе