Премиерот на Бугарија

По изборите ќе ја најдеме формулата со Северна Македонија, ама бугарската позиција не се менува, вели Јанев

Премиерот на Бугарија, Стефан Јанев вели дека во однос на Северна Македонија, Владата во Софија има намера да го продолжи курсот што досега го водеше, односно да го заштити бугарскиот национален интерес на најдобар можен начин. „Нема да има промена на бугарската позиција, бидејќи e поставена од Народното собрание на Бугарија, земјата нема да биде уценувана“, вели Јанев и додава дека формулата ќе се најде по изборите што ги очекуваат Бугарија и Македонија

 

Според Јанев, бугарскиот национален интерес е поврзан и со интересот на другите нации во ЕУ.

„Но, не треба да се дозволи спорот меѓу две соседни земји да се пренесе во ЕУ. Бугарија мора да се фокусира на дијалог и постојан контакт, со властите во Република Северна Македонија да се бара решение во име на нашата заедничка иднина, коментираше премиерот Стефан Јанев, додавајќи дека треба „да не се закопаме во минатото, туку да бараме решение во иднината", изјавил Јанев за БНТ, а пренесе МИА.

Бугарските тврдења, нагласува, се слушнати доволно добро и од македонска страна и од нејзините европски партнери.

„Бугарија сака нормален дијалог, сака да го запре јазикот на омразата, како и воспитувањето за омраза кон Бугарија. Сака и да го запре лошиот однос кон луѓето со бугарска самосвест во Северна Македонија. Така овие работи ќе се решат и ќе се најде вистинската формула“, коментира Јанев, додавајќи дека се надева дека ова ќе се случи во блиска иднина.

Според него, по крајот на октомври и ноември, кога има политички избори во Македонија и Бугарија, дијалогот ќе добие нова смисла.

„Нема да има промена на бугарската позиција, бидејќи тоа го постави Народното собрание на Бугарија, земјава нема да биде уценувана“, изјавил Јанев.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе