Скопје-Софија

По Грција и Бугарија има проблем со АСНОМ. Се подготвува ли ново бришење во Уставот?

Откако со Преспанскиот договор на барање на Грција ги тргнавме одлуките на АСНОМ од Уставот на Република Македонија, сега и Бугарија има проблеми со документите усвоени во манастирот Прохор Пчински. Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вчера изјави дека АСНОМ е еден од столбовите на „антибугарството“ во Македонија. Што всушност пишува во документите од АСНОМ?

„Еден од темелите на сегашната македонска државност е АСНОМ, партизаните и комунизмот. Ова во пракса значи дека антибугарската теза продолжува да биде столб на нивната држава. Потребна е храброст да се надмине“, вели бугарскиот европратеник и висока фигура во партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов.

За време на преговорите за името и Грција имаше проблем со одлуките на АСНОМ, па македонската страна прифати одлуките на АСНОМ во Уставот да се заменат со Прогласот на АСНОМ. Во Манифестот на АСНОМ се повикува на обединување со Македонците под Бугарија и Грција и бришење на границите. Во Преамбулата на Уставот се заменуваат зборовите „одлуките на АСНОМ“ со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“. Тоа, како што тогаш кажа премиерот Зоран Заев, се прави за да се избегнат проблеми во иднина со Грција.

Што пишува во Прогласот на АСНОМ: Фашистичка Бугарија згина од Балканот за секојпат...

Во однос на актуелните македонски-бугарски односи и иницијативи, пренесуваме дел од документите на АСНОМ објавени во првиот број на Службениот весник на федералната единица Македонија во Демократска и федеративна Југославија на кој пишува „Смрт на фашизмот и слобода на народот“.

Проглас

„Пред победоносниот поход на геројската Црвена армија, отпадна од крвавиот Хителров сојуз и фашистичка Бугарија - таја гнасна слугинка на империјалистичка Германија која повеќе од три години го поробуваше и грабеше македонскиот народ. Јуначката тригодишна борба, која македонскиот народ , заедно со братскиот српски народ, ја водеше против бугарските фашистички хорди, што јурнале во македонската и српската земја да колат и грабат за сметка на берлинските банкари и барони, заврши со голем успех. Разјадена од силните удари на нашата Народно-ослободителна војска на Југославија, бугарската заевателна клика, на чело со Кирил Филов и Михов, не можеше да се одржи пред општенародниот борбен вал на братскиот бугарски народ, кој одлучно ја зеде судбината на Бугарија во свои раци.

Фашистичка, империјалистичка Бугарија згина од Балканот за секојпат!

Нашата славна Народно-ослободителна војска на Македонија веќе ослободи голем дел од нашата татковина! Со тешки борби и смели дејствија она ги избрка бугарските фашистички окупатпри од Македонија!... По родната ни земја не гази повеќе бугарската окупаторска чизма.... Бугарската војска во Македонија загубила секаков морал поради дофчерашната окупаторска, плјачкашка служба, која ја вршеше за есап на Германците, раководена комај си од фашистички офицери, до крај ја одигра својата предателска улога, против македонскиот народ. Петата бугарска армија, која се навоѓаше во Македонија, не застана да се бори заедно со нас против Германците, ами направи споразум со нив и им го предаде оружието и власта во некои македонски градови. Благодарејќи на това, Хитлеровите банди сѐ оште седат во нашето Скопје. Они, со помош на професионалниот терорист Ванчо Михајлов, воражуват качашки албански банди за борба против нашата Народно-ослободителна војска на Македонија, сакајќи без пречка да се провлечат низ Македонија и се измакнат од Балканот, од клештите во кои ги стега мошната Црвена армија, англоамериканските војски и нашата Народно-ослободителна војска на Југославија...         

... Фашиските окупатори и нивните слуги се пред пропаст, ама ги превземат сите мерки како би го одложиле своето пропаѓање. Они изнајдуват нови трикови, како би го задржали македонскиот народ мирно да го поднесува фашискиот јарем. Ванчо Михајлов и неговата група издајници и крвници на македонскиот народ, готват платени банди да по истеглувањето на бугарските фашиски војски ја завладејат Македонија за сметка на Хитлер или некој друг господар.

Од друта страна, това исто се готтви и од најголемиот издајшки слуга на Хитлера Милан Недиќ, кој се токми да умаршува во Македонија и да го обнови големосрпското ропство.

...Co подлиот напад на германо-фашиските империјалисти во 1941 година Југославија бидува прегазена, а Македонија, за четврти пат во 30 години, поделена меѓу фашиските јатаци на Хитлера.

Под великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ...

Целото македонско стопанство беше подложено на најбесрамен грабеж за сметка на фашиската Германија. Бугарските фашиски измеќари се преобрнаја во еајверни кучина на Хитлера...

..Дури на една страна се трубеше неуморно старата поробувачка песма оти македонски народ немало, оти ние сме биле асли Бугари, иа друга страна се полнеа зандаиите со чеоните синови на Македонија, а во полицејските участаци со инквизиторски методи се мачеа народните борци… Крвожедниот фашиски окупатор трша кон физичко ис-требуване на македонскиот народ. Модерните Хуни ги надминаја во крволочноста најсуровите турски катили...“.

По потпишувањето на Договорот за пријателство со Бугарија, можеби прва задача на македонско-бугарската комисија за историски прашања требаше да бидат воените злосторства извршени од бугарските окупаторски сили на македонска територија за време на Втората светска војна. Очигледно е дека по прашањето чиј е Гоце Делчев, наредната жешка тема ќе биде токму Втората светска војна. Белким овојпат македонската власт нема да прифати сосема да го избрише АСНОМ од македонскиот Устав! Вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов бугарската поддршка за одржување на меѓувладина конференција (во декември) за преговорите за членство на Македонија во ЕУ, ја условива со решавање на овие историски прашања. Го сменивте знамето, го сменивте името, ред е да се решат и историските прашања, изјави пред три дена Каракачанов.

Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното оослободување на Македонија (АСНОМ) е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Првото заседание на АСНОМ претставува клучен пресвртен миг во развојот на македонското национално-ослободително движење, продолжување на ослободителните востанија од крајот на XIX век, Илинденското востание од 1903 година и подоцнежниот растеж на тоа движење во Македонија, поделена со Балканските војни и со Првата светска војна. АСНОМ е круната на антифашистичката НОБ, по што дојде до брзо зацврстување на македонската национална свест и самобитност и дефинирање на јасна национална програма за македонска држава.

А.Д.

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе