Собранието се деблокира

По едномесечна пауза денеска пратениците на пленарна седница

Денеска се закажани четири продолженија на досега прекинати собраниски седници. На седниците број 21, 22, 25 и 26 на дневен ред се неколку предлог закони.

Денеска пратениците треба да расправаат за предлог – законите за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за изменување на Законот за поштенските услуги и за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести.

ВМРО-ДПМНЕ со дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести бара формирање посебна комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија, формирана од Собранието. Опозицијата смета дека постојната Комисија за заразни болести не се справува добро со коронавирусот.

„Оваа комисија би била стручно и независно тело кое ќе носи објективни одлуки, со цел справување со пандемии или епидемии и мандатот ќе им трае додека траат заразите, а ќе биде составена од професионалци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Се предлага составот на комисијата кој ќе го избира Собранието со мнозинство гласови да биде по предлог на Владата. Комисијата би била  составена од 11 члена, во која по функција ќе членуваат министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи, а останатите 9 би биле, тројца инфектолози, двајца епидемиолози, двајца микробиолози, и по еден имунолог и интернист.

Пратениците денеска ќе треба да ги разгледуваат и предлозите на Законот за остварување на јавниот интерес во културата, на Деловникот… Со над 3.000 поднесени амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијансата за Албанците и Алтернатива, блокирана е работата на Мандатно – имунитетната комисија. Со тоа пропадна обидот да почне расправата за измена на собранискиот Деловник со кој треба да се отвори можноста за онлајн работа и дискусии на пратениците коишто се заразени или се во изолација поради ковид-19, коишто ги предложи собранскиот спикер, Талат Џафери. Со овие измени се предлага Собранието да може да работи и онлајн во време на коронавирусот

На 25-та седница на дневен ред се три закони. Првиот е предлог на закон за задолжување со заем кај Европската банка за обнова и развој за реализирање на „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“. Со него Македонија треба да се задолжи со 70 милиони евра за да се реализира проектот на Град Скопје, за подобрување на превозот и подобро движење на патниците.

На истата седница се и предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, за преземање на административни службеници вработни преку к-5 програма во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците , и за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија. Со Законот за државјанства, Алијансата и Алтернатива бараат наместо осум години престој, услов за државјантво да бидат само четири години, тројца сведоци да потврдат дека лицето во Македонија живеело и пред независноста и наместо да го познава македонскиот јазик да се дефинира како „познавање на најмалку еден од службените јазици во државата“.

На 26 седница се останати уште четири предлог – закони – за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и за контрола на опојни дроги и психотропни сусптанции.

Последен пат пленарна седница имаше на 3 февруари. Обидите за нови седници пропаѓаа поради отстуството на пратеници од владеачкото мнозинство.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе