По два часа кај Јанева Груевски излезе без капут, си го заборави во СЈО (ФОТО)

Два часа откако влезе во Специјалното јавно обвинителство, поранешниот премиер Никола Груевски излезе без капут. На излегување од просториите на СЈО обезбедувањето го потсети Груевски дека нема капут, по што тој праша: „Носев и капут, така?“ Груевски чекаше надвор, а неговото обезбедување се врати во СЈО и му го донесе капутот. 

По излегувањето од СЈО, Груевски во изјава за медиумите рече дека денес бил повикан во СЈО само за да се дефокусира јавноста од другите проблеми, кои, како што рече, го засегнуваат СДСМ.

„Бев повикан во својство на сведок, како што кажаа во СЈО, за некоја нивна предистражна постапка. Им укажав дека нивната работа е незаконска и дека мандатот одамна е истечен и овие предистражни постапки што ги тераат практично се малтретирање на граѓаните и тие работат незаконски. Но за да не излезе дека не сум сакал да дојдам, еве дојдов.“

„Наместо да се зборува за најавената промена на името, за покачувањето на платата на лекарите, за скандалозниот договор со Бугарија, за двојазичност, се зборува дека јас сум повикан во СЈО. Јас сум работел законски, сето ова е политички, со цел да се оттргне вниманието од основните проблеми со кои се соочува државата“, изјави Груевски.

Тој додаде дека „бомбите“ што Апелацискиот суд ги прифати како доказ се незаконски прибавени и не може да бидат доказ во ниедна постапка.

К.Д.

Фото: Роберт Атанасовски

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе