По многуте скандали, Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски утрово на својот фејсбук-профил ја објави оставката од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти. Датумот на писмото до премиерот Зоран Заев е 12 април. Повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот, напиша Рашковски во оставката. Неговото име во последниот период е поврзано со многу скандали, тендери, непријавен имот, злоупотреби на службената должност...

„За некој на кого во светски рамки има добиено 11 златни и 32 сребрени медали за своите иновации е деградирање на интелектуалниот капацитет споредбите кои се прават од страна на одредена јавност. Останува на времето да покаже која е вистинската причина за тоа“, пишува во оставката.

Во фејсбук-пораката Рашковски напиша: „Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Сѐ поразлично од тоа е лажна вест“.

Во Државната комисија за спречување на корупцијата отворени се предмети за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот кој Рашковски како генерален секретар на Владата го распишал без знаење на МВР. Се проверува и неговата имотна состојба која не е еднаква со пријавеното во неговиот имотен лист. Името на Рашковски се споменува и во скандалот со италијанската компанија Леонардо за опрема на скопскиот аеродром. Во неговиот анкетен лист го нема и земјиштето кај Побожје на кое планира да изгради куќа од 800 квадратни метри, а го нема и џипот „волво“ што вреди 70 илјади евра. Рашковски беше автор и на неколку проекти кои упорно ги туркаше во Владата, ама поради бројни реакции од јавноста не се реализираа (проектот со брзата помош со хеликоптерите и проектот за јавно приватно партнерство за наплата на акцизните стоки).

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе