Варна

По Борисов и Заев, се јави и Радев: Македонскиот премиер не се извини, не кажа јасно чие е Илинденското востание

Претседателот на Бугарија Румен Радев е последниот бугарски политичар кој реагира најпрвин на изјавата, па на фејсбук изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев. Бугарскиот претседател денеска во Варна изјави дека не е задоволен од напишаното објаснување на македонскиот премиер Заев на неговиот фејсбук-профил во врска со изјавата чие е Илинденското востание.

Според Радев, тоа што го напишал македонскиот премиер Зоран Заев на Фејсбук не е извинување, како што тврдат бугарските медиуми.

„Вие слушнавте ли дека  има извинување? Јас не слушнав. Тоа на Фејсбук не е извинување. Заев посочи дека се работи за грешка, но не го корегира тоа што го изјави. Не може сѐ да се сведе на политички пи-ар и долгорочно да не се размислува. Ја повикувам Владата на Бугарија да утврди дали е прекршена некоја одредба од Договорот за добрососедски односи со Македонија“, рече Радев.

„Незамисливо е што бугарската влада не реагира како што треба. Тоа е неприфатливо и не ја прифаќам евроатлантската перспектива на Македонија на сметка на бугарската историја, идентитет и суверенитет. Долгорочните интереси на Бугарија не можат да бидат жртва на минлив политички ПР ", рече бугарскиот претседател.

Тој „очекува од бугарската влада јасно да постави параметри и искрено споделени по формалниот начин на односите со Македонија".

Радев смета дека одредбите од Договорот за соседство со Македонија треба да бидат вклучени во преговарачкиот процес на ЕУ.

„Ги имаме сите причини да додадеме дополнителен анекс на договорот и да ги вклучиме одредбите од овој договор што се прошируваат на поглавјето 35 на процесот на пристапување на Република Македонија", рече Радев.

Заев пред неколку дена изјави дека Илинденското востание е македонско. На ова следуваа бурни реакции во Бугарија, меѓу кои и на бугарскиот премиер Бојко Борисов кој рече дека Заев пред да каже нешто треба добро да размисли затоа што следуваат преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

На ова Заев на својот фејсбук-профил напиша:

,,Драги пријатели и браќа од Бугарија, верувајте, искрено градиме пријателство кое неколку децении наназад беше изгубено. Тоа беше загуба за двете земји. Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во договорот за добрососедство и пријателство“.

Ова, во бугарските медиуми веднаш беше окарактеризирано како извинување на Заев. Но бугарскиот претседател Румен Радев отиде чекор понапред и побара од бугарската влада оценка дали ваквата изјава на Заев за Илинденското востание е во склад со Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. 

Изјавата на Радев за Заев почнува во четвртата минута од видеото:

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе