Разговараа пет часа

„Плодна средба” на власта и опозицијата, ама без договор за СЈО

Работните групи кои вечерва го разгледуваа Законот за јавно обвинителство по петчасовни разговори останаа поделени, власта и опозицијата не најдоа заеднички јазик за судбината на СЈО.

За опозицијата е неприфатливо СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира, изјави по средбата Тони Менкиноски, инаку претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, тој средбата ја оцени како „плодна“. 

„Овој закон навистина има потреба од амандмани за подобрување на работата на јавното обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање. Сметаме дека СЈО треба да биде одделение во јавното обвинителство за организиран криминал. Не се прифатливи одредбите СЈО да не одговара пред никого и сам да си го создава буџетот“, рече Менкиноски и додаде дека в четврток ќе ги достават нивните амандмани.

Според министерката за правда, Рената Дескоска, за нив е неприфатливо барањето СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал, бидејќи според стратешките определби СЈО треба да продолжи како Обвинителство, а не како одделение.

„Разговаравме член по член, го поминавме целиот закон, ако на другите членови можевме да најдеме заеднички јазик, кај СЈО не можевме. Барањето кое го доставија, СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал, а не посебно обвинителство, е прашање кое реално не може да биде прифатено од причина што СЈО треба да продолжи како обвинителство, а не како одделение во друго обвинителство. Друга клучна работа е околу истрагите кои се во тек од СЈО предистражни постапки и обвиненија кои се покренати по 18 месеци од предавањето на материјалите. Барањето кое значи прекинување на овие постапки и потоа ако треба нивно одново почнување значи и на некој начин губење на големи број на докази кои што би биле сериозни докази во постапките и на тој начин нивниот предлог содржи опасност од неуспешно завршување на многу постапки а со тоа и амнестирање“, изјави Дескоска.

На денешниот состанок на работните групи биле презентирани аргументите, а од власта бараат СЈО да продолжи да ја истражува корупцијата и упатија порака до ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш да ги преиспитаат ставовите кои ги имаат. Откако в четврток ќе ги поднесат предлозите во форма на амандмани, в петок повторно ќе се седне на маса и ќе се разговара за законот за Јавното обвинителство.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе