ДОСЕГАШНИОТ БУГАРСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Плевнелиев: Македонија треба да влезе во ЕУ, ама не и македонизмот како антидемократска идеологија

Македонија треба да влезе во Европската Унија, но не и македонизмот, бидејќи е една идеологија која е не само антибугарска, туку е и антидемократска, изјави досегашниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев во неговото последно телевизиско интервју како претседател.

Во интервју за Бугарската национална телевизија Плевнелиев зборуваше за тоа зошто не ја посетил Македонија додека беше претседател, за што се консултирал и со Министерството за надворешни работи и, според него, кој е проблемот во односите меѓу двете земји. 
“Претходниот претседател на Бугарија (Георги Прванов н.з.) многу се гордееше со своите бескрајно многу средби и посети на Македонија. Но, за возврат уште од првиот ден имаше бескрајно многу провокации за Бугарија. Неверојатно “хулење” деноноќно по македонските медиуми. Огромен број провокации по сите меѓународни институции и меѓународни конференции кон Бугарија. И да, јас ја сменив политиката на Бугарија кон Македонија и реков дека нема повеќе да биде “романтична”, туку ќе биде прагматична. Го посочив проблемот”, изјави Плевнелиев. 
Тој, меѓу другото, говореше и за посетата на поранешниот еврокомесар за проширување Штефан Филе кога самиот Плевнелиев, како што вели, бил човекот кој на Филе му кажал в лице дека ставот и извештајот за Македонија не му е реален и точен и дека има проблем. “Го посочив проблемот. На почетокот ми беше многу тешко, сега е лесно. Сите ме прашуваат, се консултираат со мене. Претседателите на цела Европа знаат дека моите аргументи, што ги посочив уште тогаш, се покажаа точни. И ќе кажам нешто за тоа прашање што го мислам искрено и сакам сегашниот министер за надворешни работи и претседателот Радев да ме разберат правилно”, рече тој. 
Она што го мисли искрено, како што рече, е неговиот став за интеграцијата на Македонија во ЕУ. 
“Да, Македонија треба да влезе во Европската Унија и тоа е кауза и за Бугарија, но не и македонизмот. Македонизмот е една идеологија која е не само антибугарска, туку е и антидемократска. Тоа е една идеологија на тотални манипулации со историјата. Тоа е една идеологија која создава напнатост, тензии меѓу идните поколенија. И ако ме прашате зошто се навраќам на тој конфликт, веднаш ќе виодговорам. Зашто искрено мислам моите деца и децата на нашите браќа од другата страна, во Скопје, да бидат браќа, да бидат пријатели и да има мир, ама манипулираната историја не работи за тоа да бидат браќа и да има мир. Заматената историја во која Бугарија е фашист не работи за тоа”, додаде Плевнелиев. 
Тој оценува дека постигнал многу во насока на посочување на вистината за македонизмот, и Бугарија да има позиција. И сите, како што рече, ја знаат и на сите им е јасно. 
Својот став за односите со Македонија го заокружи со прашањето што му го поставил на македонскиот претседател Ѓорге Иванов. 
“На претседателот на Македонија му испратив прашање уште првите седмици, зошто мојот крај, Пиринскиот крај, е на вашата триумфална порта. Што ми кажувате со тоа? Дека е водена војна за која јас не знам дека имало или допрва ќе има. Проблемите ги посочувам затоа што искрено сакам мир”, рече Плевнелиев за Бугарската телевизија. 
 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе