Загреб

Пленковиќ: Северна Македонија направи огромни жртви, време е ние да покажеме политичка одговорност

Северна Македонија направи огромни жртви за да си ја обезбеди европската иднина и земјата заслужува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, чија држава од 1 јануари претседава со ЕУ.

Пленковиќ на заедничка на прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кажал дека Македонија го промени своето име и Устав и дека заслужува да биде дел од ЕУ, јавува МИА од Загреб.

Според хрватскиот премиер, новата методологија за преговори со ЕУ набрзо ќе биде готова и ќе ѝ биде официјално презентирана на Франција. Пленковиќ, исто така изјавил дека на неговата средба со францускиот претседател Емануел Макрон, видел желба кај него да се направи напредок во процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија.

Мишел од своја страна, пак, изјавил дека не е прашање дали е потребно проширување на Унијата или не, туку начинот како тоа да се направи, нагласувајќи дека очекува наскоро да има придвижување во тој правец.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе