Според Државниот инспекторат за животна средина

Планот за вилите под хотелот Радика бил донесен без согласност од ЈПКД „Маврово“

И Државниот инспекторат за животна средина потврди дека Архитектонско-урбанистичкиот проект (АУП) со кој се предвидува изградбата на 87 луксузни куќи во рамките на „Радика вилиџ“ во село Леуново е донесен без водостопанска согласност. Претходно здружението „Спас за Маврово“ алармираше до сите државни органи дека овој план е донесен и без неопходната согласност од Министерството за животна средина и од Националниот парк Маврово. И без овие согласности Општината Маврово и Ростуше го донела планот. 

Инспекторите на Државниот инспекторат за животна средина биле на терен на 27 декември и направиле инспекциски надзори во Општината Маврово и Ростуше, „Радика Резорт“ и во Јавното претпријатие за комунална дејност „Маврово“.

Дозволата за градба на првите седум вили под хотелот Радика во Леуново била издадена во октомври 2018 година. На таа локација планирани се 87 вили на инвеститорот „Радика ресорт“. 

Архитектонско-урбанистичкиот проект е изготвен од „Пологпроект“ од Гостивар. Сопственик на „Радика ресорт“ е косовскиот бизнисмен Шериф Рамука.

Во информацијата на Државниот инспекторат за животна средина се вели дека сега општината треба да ги обезбеди сите согласности во спротивно потребно е да се поништат издадените одобренијата за градба. За 17 од нив издадено беше решение за уривање, но второстепената комисија на Владата за инспекциски надзор деновиве го поништи ова решение

За сите градби околу езерото и каде што има водени текови, пред издавање на градежните дозволи да се побараат мислења од Министерството за животна средина. Во спротивно, дозволите издадени за градење нема да бидат важечки, се вели во информацијата на инспекторатот. 

На 8 октомври поднесена е една кривична пријава за дивоградбите во Леуново, против сопственикот на „Радика ресорт“ Шериф Рамука (42) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба".

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Р.(42) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба". Во периодот од 10 јули до 20 септември, на место сопственост на хотел во село Леуново, општина Маврово и Ростуше, Ш.Р., сопственик на фирма, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнал изградба на осум објекти – бунгалови од цврста градба", соопшти тогаш МВР.

A.Д.

 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе