Планот за подготовка на нов Изборен законик нема да пропадне, вели Тупанчевски

Во вечерашното гостување во дебатната емисија 24 анализа министерот за правда Никола Тупанчески порача дека планот за подготовка на нов Изборен законик нема да пропадне и покрај фактот што ВМРО ДПМНЕ и БЕСА се уште немаат доставено предлози за свои претставници во новата работна група.

„Планот не пропаѓа, напротив Министерството за правда продолжува да ја реализира сопствената замисла за носење на нов Изборен законик во кој што ќе бидат содржани правилата на изборната игра за изборниот процес кога и да се случува.Најважно во целата работа е што најголемиот дел од политичките партии номинираа свои претставници. Јас верувам дека за кратко време ќе имаме номинации од сите партии", рече Тупанчески.Тој информираше дека веќе е разговарано со неколку луѓе кои би требало да ја предводат новата работна група во МП, а ќе бидат од непартискиот блок.,, На овој план верувам дека ќе го одбереме вистинското лице, искусен чија потесна специјалност ќе бидат изборните системи и се разбира убаво ќе биде уште некој надворешен експерт да има кој ќе му помага во менаџирање на процесот. Јас сум оптимист дека и ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА ќе номинираат претставници", потенцираше Тупанчески во 24 анализа.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе