Од унгарските опозиционери

Плакат со ликот на Груевски обесен на унгарскиот парламент: „Орбановиот ВИП-мигрант“ (ФОТО)

Пратениците од унгарската опозициска Демократска коалиција истакнаа плакат со ликот на избеганиот Никола Груевски на еден од прозорците на својот парламент, со зборовите „Орбановиот ВИП-мигрант“.

Орбан три години избегнува да зборува за што било друго освен за илегалната миграција, соопшти денеска унгарската опозициска партија Демократска коалиција (ДК), пренесе унгарски 24.

„Неделава го напаѓаме Фидес со нашето оружје. Претставниците на Демократска коалиција во парламентот ќе зборуваат за еден случај на илегална миграција во Унгарија, случајот со македонскиот премиер“, соопштија од ДК.

Опозициските партии денеска во парламентот побараа формирање анкетна комисија за случајот со Никола Груевски за да се утврди евентуалната вмешаност на унгарските власти во бегството на осудениот поранешен премиер на Република Македонија, а минатата недела ја повикаа унгарската влада да го уапси и брзо да го екстрадира Груевски.

Унгарската националистичка партија Јобик, како и левичарските партии како Дијалог и Демократска коалиција, порачаа дека на Груевски треба да му биде одбиен азилот и дека тој треба да биде екстрадиран во Македонија.

Пратеникот и портпарол на Јобик, Адам Миркоцки, тогаш ја нарече ситуацијата „скандал без преседан“, велејќи дека Груевски е „баран криминалец“ од земја што не е во војна и дека не е прогонуван од верски или од политички причини.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе