Писмото со кое се бара преговори за Македонија во март го потпишаа уште 9 земји од ЕУ

Уште девет други држави членки на ЕУ го потпишаа писмото на шесте земји испратено минатата недела до Европската Комисија во кое се бара почеток на преговорите со Албанија и Македонија во март 2020.

Како што јавува МИА од Брисел, на Австрија, Италија, Словенија, Словачка, Полска и Чешка од вторникот им се придружиле и Бугарија, Естонија, Грција, Унгарија, Ирска, Летонија, Литванија, Малта и Португалија и го додале својот потпис на писмото до Европската Комисија во кое се дава согласност за реформа на методологијата на преговарачкиот процес доколку тој овозможи отворање на пристапните преговори за членство со Скопје и Тирана во март 2020.

Писмото, сега потпишано од петнаесет земји, потсетува на важноста на процесот на евроинтеграција за земјите од западниот Балкан и нагласува дека консолидацијата на ЕУ е невозможна без вклучување на земјите од регионот, како и дека процесот на евроинтеграција најдобро може да обезбеди успешен реформски процес на Балканот.

„Нема одржлива алтернатива за полноправното членство на земјите од западниот Балкан во ЕУ ако сакаме ефикасно да ги сочуваме интересите на регионот. Точно е дека сегашниот пристапен процес на Западниот Балкан бавно и нееднакво напредува. Поради тоа сме подготвени конструктивно да се ангажираме во напорите за подобрување на овој процес. Тоа ќе го сториме доколку оваа задача се води на ефикасен начин, свртен кон добивање резултати и доколку тоа и овозможи на ЕУ да ги започне преговорите со Албанија и Северна Македонија во март 2020-та”, пишува во писмото од 15-те членки на Унијата.

 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе