Писмо до јавноста од претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат

„Барам ЈАВНА ПОДДРШКА од сите вас, без разлика на национална и верска припадност, заедно да се избориме да не ни го одземаат правото на гласно зборување“, вели амбасадорот Зоран Дабиќ во писмото до јавноста.

Почитувани сограѓани,

МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што како Претседател на МДС јавно зборував за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување.

Насилието, ароганцијата и заплашувањето продолжуваат кон мене и членовите на Синдикатот, но залудно.

Барам ЈАВНА ПОДДРШКА од сите вас, без разлика на национална и верска припадност, заедно да се избориме да не ни го одземаат правото на гласно зборување.

Јас цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи!

Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов!

Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија!

Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца! Моите пензионерски денови ќе ги уживам во прекрасните македонски места со убава македонска храна и прекрасни пријатели кои не познаваат вера и нација, туку само убаво поминати денови.

Останете ми живи и здрави, секое раководство доаѓа и си заминува.

Амбасадор Зоран Дабиќ

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе