Ванкувер

Писмо до Хан: Држете се на страна од македонското политичко прашање

„Многу сум изненаден од вас, како административен претставник во Брисел, од изјавта во која се обидувате да подучите избран функционер, во случајов претседателот на Македонија, како треба да се однесува. Вашата изјава што ја дадовте на почетокот на неделава за претседателот на Македонија беше арогантна, непромислена, покорувачка и ве стави на погрешната историска страна во однос на македонската нација која ќе го отфрли грчко-македонскиот договор.

Дозволете ми да ве потсетам дека Грција е земја која не го признава малцинството на етнички шарениот Балкански Полуостров и доследно ја спроведува политиката на кршење на човековите права кон нејзините малцински групи, вклучувајќи ги и Македонците кои зборуваат македонски јазик. Сепак, ЕУ е безнадежно немоќна да стори нешто во врска со ова прашање, ниту пак некогаш ќе го стори тоа.

Вашата изјава не ја поддржува актуелната политичка ситуација, туку ве става во погрешен историски контекст, македонската нација ќе го одбие договорот, оставајќи ве со вашето болно македонско искуство.

 Ве молиме држете се подалеку од ова политичко прашање!“

Сашо Маневски, истакнат активист во македонските организации во Канада

(Писмото е примено од кабинетот на еврокомесарот Коханес Хан на 16 јуни)

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе