Пимен: Немојте браќа чудото да падне во сенка на чудното

Повкусни и поблагодатни се плодовите од чудото, отколку меѓусебното јадење, верувајте, напиша на својот фејсбук-профил митрополитот Европски Пимен кој повика на трпеливост пред неделната заедничка литургија на вселенскиот патријарх Вартоломеј со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

„Помина цел месец од благата вест кога цариградскиот патријарх Вартоломеј ни соопшти дека се враќаме во евхаристиско единство со сиот православен свет. И почнаа прашањата, сомнежите, анализите… Набргу потоа патријархот српски Порфириј, на првото сослужување со нашиот архиепископ охридски и македонски Стефан, рече дека сме историски сведоци на чудо. Чудо кое, побрзо од било кој што очекуваше наше признавање, наше добивање на автокефалност, се случи. Чудото се случи и веќе функционира и ги дава своите плодови. Но, со чудото се роди и нешто чудно. Е да, тоа е чудното во црквата, кога малкумина прашуваат кога почнува литургијата, како да постам, кога да се причестам, кога бараат да се помолиш за нив, кога бараат црковна литература за растење во верата, кога малкумина ја знаат наизуст ‘Оче наш’ или ‘Верувам’, а во истовреме кога сите знаат од кај требало да стигне томосот за автокефалност, како требало владиците да преговараат, кој томос е вистински, а кој лажен, кој ни копа грoб за да го изгубиме идентитетот и црквата како сме ја однародиле, кој треба да оди во Цариград, а кој во Белград, кој е заслужен за признавањето, а кој бил безумен и предавник, кое име треба да го носиме како црква Христова македонска или Охридска, како ќе ја подариме дијаспората на Фанар…. Немојте браќа чудото да падне во сенка на чудното. Повкусни и поблагодатни се плодовите од чудото, отколку меѓусебното јадење, верувајте“, пишува владиката Пимен.

Наместо постојано да прашувате, порачува тој, молете се постојано и ќе видите како лично Господ Бог ќе ви ја открие тајната на заедничарењето.

„Сѐ што се случува е прашање на вера, а не на човечко мудрување и анализирање. Имајте го ова на ум. Секое добро од Бога вознесениот и фала му и слава му за сѐ!“, напиша владиката на Фејсбук.

 

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе