Реакција

„Пиксел груп“: Дневни политички препукувања со лаги, бараме извинување од ВМРО-ДПМНЕ

Во време на светска енергетска криза кога на нашата Македонија, но и на целиот свет, му е насушно потребен секој произведен мегават електрична енергија, сметаме дека е под секое ниво, името на нашата компанија, како и на нашата компанија-мајка „КМГ ЕОЛ Квазар“, да се злоупотребуваат во дневни полички препукувања и безначајни прес-конференции, кажувајќи единствено лаги и класични манипулации за да се замајува јавноста, соопшти компанијата „Пиксел груп“.

Затоа, најостро го осудуваме секој обид за дискредитација и нашата групација да се доведе во корелација со било каква политичка структура, посочуваат од „Пиксел груп“, реагирајќи на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска на прес-конференција изнесе тврдење дека фирми основани од премиерот Димитар Ковачевски и негови семејни врски „вртат милионски суми во енергетскиот бизнис“.

– „Пиксел груп, фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата „КМГ ЕОЛ Квазар“, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра, изјави Лефков.

Во соопштението на „Пиксел груп“ се посочува дека уште пред назначувањето на премиерот Ковачевски за заменик министер за финансии, истапил од сопственичката структура на компанијата, бидејќи тоа е неспоиво со неговиот политички ангажман.

„Затоа уште еднаш потенцираме дека е за секаква осуда нашите компании да бидат жртва на нечии потреби за дневен политички рејтинг и бараме да не се користи името и на „Пиксел груп“ и на „КМГ ЕОЛ Квазар“ за политички маркетинг“, се наведува во соопштението.

Од „Пиксел груп“ посочуваат дека компанија на македонскиот пазар постои од 2018 година и постојано работи по највисоки корпоративно технолошки и етички стандарди.

„Целта на „Пиксел груп“ е да го забрза прифаќањето на соларната технологија како предуслов за зачувување на животната средина и да овозможи одржливо ,ефикасно и еколошко снабдување со електрична енергија,произведена од сончевата светлина. Ние работиме на слободен пазар, како приватни компании, по сите законски прописи и по највисоки етички стандарди и не користиме никакви специјални услови, надвор од оние кои на сите компании од оваа дејност им се даваат на располагање и им следуваат по закон“, додаваат од „Пиксел груп“.

Во соопштението се додава и дека компанијата „КМГ ЕОЛ Квазар“ е основана во 2007 година и е пионер во областа на фотоволтаичните системи и енергетската ефикасност.

„Сите први проекти во областа на фотоволтаичната технологија и енергетска ефикасност се поврзани со оваа компанија и тоа во период кога политичката елита што држи пресови за нас, беше на власт. Во моментов вработува повеќе од 70 вработени и неколку фирми подизведувачи и има вкупна реализација за период 2010-2021 година 1.291.668.742 денари или околу 21.002.744 евра. За тој период компанијата има исплатено придонеси и даноци за плати кон државата во износ од 23.284.533 денари“, наведуваат од „Пиксел груп“.

Во соопштението се нагласува дека „како резултат на доброто работење и визијата“ на „КМГ ЕОЛ Квазар“, се родила идејата за основање на „Пиксел груп“, како прва фабрика во земјава за производство на фотоволтаични панели според светски стандарди.

„За 4,5 години успеавме со натчовечки напори и заслуги на сите наши вработени од двете компании да произведеме преку 80 мегавати, кои што освен на домашниот пазар, успешно ги пласираме и во регионот (Србија, Косово, Албанија, Турција…) и во држави на Европската Унија, како Романија, Хрватска, Полска, Бугарија и други“, посочуваат од „Пиксел груп“.

Компанијата додава дека во неа во моментов работат околу 30 вработени на кои што редовно им се исплаќаат плати и придонеси и „се горди и задоволни што работат во високо технолошка и модерна компанија“.

„Компаниите се општествено одговорни компании, кои што давале и во иднина ќе даваат помош и спонзорства за развојот на спортот и културно-едукативните настани. Затоа, бараме извинување од оние кои пласираат вакви неточни тврдења, а во спротивно ќе ги преземеме сите правни средства кои ни стојат на располагање за заштита на угледот на двете компании.

Како и досега, стоиме транспарентно во објавување на секој податок и информација што е во интерес на јавноста и на нашата држава“, се наведува во соопштението. 

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе