Пред вечерашниот протест за поддршка на „уставобранителите“

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ брани луѓе кои бараат крв, планираат нечија смрт, посегнуваат по живот

Денешните протести на ВМРО-ДПМНЕ не се протести за ниту за правда, ниту за правичност. Тоа се протести на кои Мицковски и неговите следбеници повторно ќе ги бранат осудените насилници, и ќе бараат нивна амнестија. Уставобранители не може да бидат луѓе кои бараат крв и посегнуваат по нечиј живот, изјави пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска.

И денес, како и многу пати досега, на дело го гледаме лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, и денес Христијан Мицковски и неговоите следбеници ќе застат во првите редови на одбраната на насилниците и криминалот, но денешните протести на ВМРО-ДПМНЕ не се протести за ниту за правда, ниту за правичност, туку протести на кои Мицковски и неговите следбеници повторно ќе ги бранат осудените насилници, и ќе бараат нивна амнестија, рече во својата изјава Петровска .

Таа нагласи дека луѓето кои на 27 април насилно упаднаа во Собранието, луѓето кои се обидоа да убијат, да одземат човечки животи и да го загрозат уставниот поредок, ВМРО-ДПМНЕ денеска ги брани нарекувајќи ги уставобранители.

„Луѓе кои бараат крв, посакуваат и планираат нечија смрт, посегнуваат по нечиј живот никогаш нема да бидат уставобранители. Тоа се насилници што е потврдено и со правосилни судски пресуди. Колку ли се големи хипотеките на Мицкоски штом мора постојано да брани насилници и криминалци? Колкав е партиско-политичкиот долг на ВМРО-ДПМНЕ штом се во постојано заложнижтво на политиките на Мицковски? Но, едно треба да им биде јасно дека нема да успеат да го одбранат криминалот и насилството, нема да успеат да ја спречи правдата“, рече Петровска.

Таа нагласи дека денес за секој криминален и насилен чин следува одговорност и дека ќе има одговорност ќе има и за организаторите на крвавиот четврток.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе