„Стратешкиот дијалог е дополнителен ветер во грбот за нашата плодна одбранбена соработка. Посветеноста и поддршката на САД за Северна Македонија се докажува низ годините во кои ја градевме одбраната, а може да се види и денеска кога сме заедно дел од Алијансата, споделувајќи ги истите вредности”, изјавила Петровска.
Според неа, Македонија со дела покажала дека има јасна визија и цел кога станува збор за развојот на Армијата – таа да биде модерна, високо обучена и опремена со најсовремената воена опрема, и дека таа посветеност е видлива и кај сојузниците, особено САД, кои ја помагаат модернизацијата.
Петровска и Валандер, како што соопшти Министерството за одбрана, разговарале и за новата безбедносна реалност во Европа и заеднички ја осудиле руската агресија врз Украина, која, како што оцениле, наиде на обединето НАТО.