Петровска со можно решение за пасошката криза – печат за продолжување на важноста

Дополнителната заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска вели дека едно од можните решенија за надминување на проблемот со недостатокот на обрасци за нови пасоши е ставање печат на последната страница од пасошот чија важност е измината.

Петровска во синоќешната емисија „360 степени” појасни дека иако предлог-решението е на маса, треба да се направи измена на законското решение, што не е само во надлежност на Владата и оти се разгледуваат сите опции за донесување на ова решение.

Запрашана како би се надминал проблем во случај кога важноста на некој пасош би истекла во мај, Петровска вели: „Ќе се обратите до управните служби на министерството за внатрешни работи, секако, ако биде ова усвоено и таму ќе биде втиснат печатот во пасошот“.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев претходно како можно решение го кажа испраќањето дипломатска нота до сите држави со која ќе се информираат за продолжување на важноста на пасошите.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе