Разговарано за распоредување на сили на источната граница на Алијансата

Петровска на итниот состанок во НАТО изрази осуда на инвазијата врз Украина

„Од вонредниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, испраќаме три клучни пораки – светот се обединува во осудата на војната во Украина, НАТО продолжува со поддршката за Украина во нивната одбрана со помош за украинскиот народ и за сите бегалци и, клучната задача на НАТО е одвраќање и одбрана на сојузниците заради која цел се распоредени дополнителни НАТО сили долж источниот дел на Алијансата", изјави министерката Славјанка Петровска по вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет во Брисел.

Во соопштението од Министерството за одбрана се вели дека главни теми за дискусија биле руската инвазија на Украина и нејзиното влијание врз европската безбедносна инфраструктура, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО членките.

Во рамките на првата работна сесија, која се одржала заедно со Украина, Грузија, Финска, Шведска и Европската Унија, министрите за одбрана на НАТО ја потврдиле „силната осуда за непровоцираниот и неоправданиот вооружен напад на Русија врз Украина и врз меѓународниот поредок“.

На состанокот била изразена силна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина како и барањето за повлекување на сите вооружени формации на Русија и воспоставување на мирот. НАТО членките и партнерите, како што било нагласено, продолжуваат да обезбедуваат поддршка за Украина и да ги прифаќаат бегалците.

Во соопштението се додава дека на втората работна сесија на состанокот, недвосмислено била потврдена посветеноста на Алијансата како одбранбен сојуз на клучниот принцип, а тоа е одвраќање и одбрана на сите земјите членки.

„Сите мерки и активности што се преземаат, претставуваат дел од одвраќањето и одбраната на Алијансата и во овој контекст беше и потврдена согласноста за зајакнато присуство на силите на НАТО во источниот дел на Алијансата“, се вели во соопштението.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе