Во Пентагон

Петровска – Кал: Потребна е брза интеграција на регионот кон евроатлантските структури

„Нашата Армија со секој изминат ден станува посилна, посовремена и поподготвена за заштита на колективната безбедност“, рече Петровска во Пентагон.

„Заедно со нашите сојузници во НАТО стоиме цврсто на позициите за превенирање на безбедносните кризи кои ги загрозуваат мирот, стабилноста и просперитетот во светот. Ги следиме и се спротивставуваме на операциите што целат да предизвикаат безбедносна криза што ќе влијае на стабилноста и просперитетот и да создадат дилема околу стратегиската улога на НАТО и ЕУ во нашиот регион. Со нашето заедничко учество во мисиите на НАТО и со поддршката на другите активности на Алијансата, заедно се справуваме со геополитичките предизвици и даваме придонес кон намалување на потенцијалните ризици и закани кон евроатлантската заедница“, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на средбата со заменик-помошникот секретар за одбрана за меѓународни безбедносни работи, Колин Кал, пренесе МИА.

Новата безбедносна реалност, нагласи министерката на средбата, повикува на уште посилно сојузништво и брза и ефикасна интеграција на Западен Балкан во европските и евроатлантските структури.

Петровска, како што соопшти Министерството за одбрана, се осврна и на домашните задачи – растот на одбранбениот буџет, кој се реализира согласно со предвидената динамика, одвојувањето на една третина од тој буџет за модернизација и опремување, како и набавката на нова и софистицирана опрема, а особено лесните оклопни транспортери од американско производство.

„Првата испорака на шест нови лесни оклопни транспортери ја очекуваме кон средината на летото. Тие и останатите транспортери што се во процес на испорака ќе го сменат ликот на нашата Армија, која со секој изминат ден станува посилна, посовремена и поподготвена за заштита на колективната безбедност“, рече Петровска.

Додаде дека голем удел во овие позитивни поместувања во Армијата имаат и Соединетите Американски Држави, за што се заблагодари и изрази уверување дека интензивната соработка ќе продолжи и во иднина.

Потсекретарот за одбрана, Кал, порача дека САД отсекогаш ги поддржувале реформите во македонскиот одбранбен сектор и дека тоа ја покажува посветеноста како стратешки партнери, надградена со стратешкиот дијалог и посветеноста како сојузници во НАТО.

Министерката Петровска во текот на денот имаше повеќе средби во Пентагон и тоа со командантот на Бирото на националната гарда на САД, генералот Даниел Хокансон, со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал – мајорот Грегори Најт и со потсекретарот на Армијата на САД, Габриел Камарило.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе