Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи

Петровска: Изминативе две години во МВР поставивме стандарди

Изминатите две години поставивме стандарди во работата на полицијата, според кои таа не може и не смее да биде злоупотребувана од ниту една политичка партија, порача денес дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска. 

Претстојните избори се од исклучитено значење за сите граѓани во државата без разлика на нивната партиска или етничка припадност, период кој носи дополнителна одговорност врз сите членови на извршната власт своите функции да ги извршуваат во интерес на јавноста.

Ова го истакна денеска на прес-конференција во Владата, дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

„Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Изминатите две години поставивме стандарди во работата на полицијата, според кои таа не може и не смее да биде злоупотребувана од ниту една политичка партија“, рече таа и додаде дека значаен придонес на техничката Влада е е да организира одржување фер и демократски избори.

„Времето на партиски штабови во МВР е поминато, како што е минато и времето кога полицијата тепаше студенти, праваше упад во невладини организации и апсеше новинари. Секој еден што ќе се обиде да ги повтори старите методи со едно ливче нека снема или добро познатото фаќање за уши ќе се соочи со законот“, порача дополнителната министерка.

Нагласи дека МВР има специфична структура на организационите единици, но единствена гаранција за професионално функционирање е законски применетиот принцип на хиерархија и управување со полициските задачи. 

Петровска на прес-конференцијата рече дека односите со техничкиот министер Наќе Чулев и се коректен, што, како што рече, е во интерес на граѓаните. Според неа, најголем дел од несогласувањата се надминати, но сепак таа останува на ставот дека ќе поднесе кривична пријава.

Во однос на предлогот на Чулев, Ристе Ставревски да биде началник на СВР Скопје, Петровска вели дека треба да се има предвид дека во 2016 година имало слични ситуации на несогласување на техничкиот министер со дополнителниот заменик-министер кои во различни судски постапки завршиле различно.

„Останувам на принципиелниот став дека лице, не е битно кое, што е вмешано или на било каков начин во минатото учествувало во вршење изборни притисоци, не треба да биде на една од челните позиции. Но на крајот на денот, секој носи политичка одговорност за кадрите кои ги предлага, рече на прес-конференцијата во Владата“, дополнителната заменик-министерка Петровска.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе