Реакција

Петров: Видеата се за поттикнување на иноваторите и за нив не е потрошен ни денар државни пари

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, преку соопштение до јавноста ги  отфрли обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ и на дел од медиумите во кои, како што вели, се оспорува исправноста на неговото работење.

„Промоцијата на ФИТР како институција која треба да ги поттикне и поддржи младите иноватори и претприемачи во нивните идеи е заложба на секој вработен во Фондот, но пред сé, моја лична.

Видеата со млади успешни претприемачи и иноваторите кои ја добиле поддршката од Фондот се направени единствено со оваа цел, а не како што се наведува, за моја промоција како директор на институцијата, уште помалку како функционер во партијата.

Видеата се направени во моја продукција, а за нив не е потрошен ниту денар државни пари, што лесно може да се провери со увид во фактурите на Фондот. Истите не се реализирани во рамките на договорите со маркетинг агенциите кои се споменуваат, за кои дополнително информирам дека се договори кои јас ги наследив од претходното раководство по моето доаѓање на функцијата. Договорите се направени во септември минатата година и потпишани од претходниот директор, Јован Деспотовски“, вели Петров.

И покрај обидите на некои структури да ја дискредитираат мојата работа, јас останувам посветен на промоција и подобрување на имиџот на Фондот и поттик на иновациите, како механизам за остварување забрзан технолошки и економски раст и развој во земјата.

 

 

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе