Предвремени парламентарни избори

Петров: Гласањето на 15 јули ќе биде безбедно за нашето здравје, излезете и гласајте

Петров: Гласањето на 15 јули ќе биде безбедно за нашето здравје, излезет и гласајте Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на 15 јули, со уверување дека гласањето ќе биде безбедно, при што ќе треба да ги почитуваат сите протоколи за заштита на здравјето.

„Четирите месеци зад нас во борбата со невидливиот непријател - корона вирусот ни го промени комплетно нашето секојдневие, нашето живеење. Како држава, реагиравме брзо и рестриктивно, со мерки насочени кон заштита на здравјето на сите граѓани. Изминатите четири месеци, државата, здравствените работници и институциите прават сѐ за да го спречат ширењето на опасниот вирус.

Се донесоа протоколи со  кои се обезбеди повторно враќање во нормално функционирање, новото нормално, со чие почитување се заштитуваат граѓаните од негово ширење. Се отворија бизнисите, угостителските објекти, трговските центри,туристичките капацитети.

Рековме дека ќе водиме безбедна предизборна кампања и така направивме. Носењето маска, држењето дистанца, честото дезинфицирање се дел од нашето секојдневно живеење. Без митинзи, ниту поголеми собири и групирања. Сите средби со граѓаните беа однапред добро испланирани, почитувајќи ги сите заштитни протоколи“, рече Петров.

Според него, институциите, здравствената стручна јавност, подготви сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето при гласање, кој обезбедува максимална заштита за гласачите, набљудувачите, членовите на избирачките одбори и сите учесници во изборниот процес.

Протоколите предвидуваат граѓаните треба да дојдат на гласачкото место со маска која ги покрива и носот и устата, да се избегнува секаков физички контакт, да се држи определена дистанца и да се дезинфицираат рацете и пред и по гласањето. Просториите во кои се гласа ќе бидат редовно проветрувани и дезинфицирани и ќе биде дозволен влез на граѓани онолку колку што има поставени паравани за гласање.

„Со строгото почитување на овие протоколи, граѓаните можат да бидат сигурни дека гласањето е безбедно  и за нив и за останатите.

Затоа, ве повикувам на 15 јули да излезете и го остварите вашето загарантирано со устав право на глас. Затоа што вашиот глас одлучува во каква земја сакаме да живееме и каква иднина ќе градиме. Вашиот глас одлучува дали ќе продолжиме по патот на напредокот или ќе се вратиме назад во режимот и изолацијата“, рече Петров.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе