Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Драган Ковачки синоќа, за време на телевизиски дуел на Канал 5 со министерката Петровска покажа документ од 2021 година во кој, како што кажа, генерал на Армијата тврди дека се примени професионални војници со законски пречки како што се приведување за тешка кражба, со судска постпака, потоа предлог за прекин на договор поради трајна ограниченост за служење во војска, судска пресуда, наод од воена лекарска комисија за ограничено способни за служба...
Ковачки и го отстапи документот на министерката Петровска и рече дека очекува веднаш да се постапи и веднаш да има апсења.
„Овој документ не треба мене да ми го доставите, туку треба да го доставите до Јавното обвинителство. Јас овој документ ќе го земам, но не сум јас адресата, јас сум политички избрано и именувано лице. Јас освен што имам обврска да пријавам не треба на никаков начин да влијаам на истрагата. Вие со давањето на овој документ на мене, сакате да ме вмешате во истрагата. Тоа е политиканство и тоа јас нема да го прифатам“, му одговори министерката Петровска.