Петковски за повикот на Ахмети од Хаг: И Шешељ прво го викнаа како сведок па го осудија

Повеќе од сигурно е дека преговорите за ново парламентарно мнозинство ќе одат тешко, но убеден сум дека влада ќе има, изјави лидерот на НСДП, Тито Петковски.

„Влада ќе има, каква ќе биде не знам. Отворањето на проблемот, нови избори или чекањето до година, дефинитивно се укочуваат сите реформи, се губи чекорот со ЕУ“, изјави Петковски на Канал 5.

Според него, предлогот на ДУИ за Албанец премиер е невешт предизборен обид да се добијат повеќе пратеници.

„Луѓето велат за време на избори и на риболов се лаже најмногу. Така тие и сега, но сега има дру елемент. Ахмети е повикан на Хаг како сведок. Но така беше и со Шешељ го повикаа како сведок па го осудија. Немам никакви информации, но кога Хаг повикува сведоци повикува луѓе кои учествувале во разни дела против човештвото“, посочи Петковски.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе