Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков изразил надеж дека добрососедството треба да биде водечко, но тоа бара многу работа од двете страни.
„Бугарија и Северна Македонија мора да работат заедно“, потенцира Петков. На прашањето дали Русија се меша во бугарско-македонските односи преку филмот „Една вера, еден јазик”, Петков коментира дека тезите претставени во него се сосема спротивни на добрососедските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Петков воедно потсетува дека бугарската Влада се изјасни против филмот и освен што не го одобрува, туку и силно го критикува.
„Бугарија не може да биде рамнодушна кога некој се обидува да ја поткопа бугарската историја“, наведува Петков.






