Петков во Битола дочекан со пароли: „Гоце е Македонија“, „Крвави ви се рацете“... (ФОТО)

Пред доаѓањето на бугарскиот премиер Кирил Петков во Битола, кој треба да го отвори културниот центар „Ванчо Михајлов“, група граѓани излегоа на протест во знак на негодување на бугарската политика кон Македонија.

 

Во селото Кравари жителите истакнаа повеќе пораки по повод денешната посета на Петков: „Гоце е Македонија“, „Крвави ви се рацете“, „Кога ќе признаете дека има Македонци во Бугарија?“, „Гробиштата се полни од бугарското пријателство“…

Бугарскиот премиер денеска придружуван од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, ќе присуствуваат на отворањето на клубот.

Протест најавија и од Сојузот на борците кои се против отворање на клуб со име на фашистот Ванчо Михајлов.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе