„Реално, треба да ги надоместиме задачите што не се завршени. Треба да видиме како и во кои рокови можеме да ја имаме железничката линија Софија-Скопје. Треба да имаме план како да се патува со автомобил, не за четири часа, туку побрзо, како да имаме авионски лет за половина час, како да имаме културен календар, како да има координација на образовните програми“, кажал Петков.
Зборувајќи и за сите овие активности, тој додал дека сите детали ќе бидат разгледани на меѓувладината седница.
„Сите вие ќе се сретнете со вашите колеги од Република Северна Македонија и ќе направиме реален план, со реални постигнувања кои треба да ги завршиме во наредните шест месеци, особено на средбите кои очекувам да се на неделно ниво“, вели Петков.
Според него, со новиот пристап во разговорите веќе нема да се губи ниту минута, сѐ со цел „односите меѓу двете земји да се мерат во реални резултати“.