Петир и ММДЧП ги повикаа евро-пратениците да ги осудат притисоците што се вршат врз Македонија

Пратеничката на хрватскиот Парламент и поранешна евро-пратеничка Маријана Петир ги повика евро-пратениците да застанат на страната на Македонија, и во одбрана на македонскиот национален идентитет и култура. И Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада ги повика евро-пратениците и политичари, кои се заинтересирани да помогнат во бранењето на човековитее права, да го осудат принудното преименување на Македонија, да побараат крај на анти-македонските политики на НАТО и ЕУ, и да го бранат правото на Македонците да на своето сопствено име, идентитет и историја.

Маријана Петир

„Од никој не треба да се бара да прифати принудно преименување на неговата земја и редефинирање на неговиот идентитет. Ова не треба да се очекува ниту од Македонците. Ова не се европските вредности за кои се залагаме. На Македонците мора да им се дозволи да ги користат своето име, култура, идентитет и историја. Јас стојам со Македонија и Македонците, и ги повикувам сите мои европски колеги да ми се придружат“, изјави Петир во изјава која ја пренесе Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада.

Оваа организација се придружува на повикот на Петир, и повика „сите евро-пратеници и политичари – кои се заинтересирани да помогнат во бранењето на човековитее права – да го осудат принудното преименување на Македонија, да побараат крај на анти-македонските политики на НАТО и ЕУ, и да го бранат правото на Македонците да на своето сопствено име, идентитет и историја”.

Петир беше претседателка на групата за пријателство со Македонија во Европскиот парламент и е позната како гласен поддржувач на Македонија.

Mакедонското меѓународно движење за човекови права денеска соопшти: „Многу европски политичари ја осудија Бугарија поради нејзините се поголеми барања насочени против Македонија, и во нив гледаат кршење на најосновните човекови права на Македонците. Бугарија бара Македонија да си ја измени својата историја и да продолжи да го редефинира македонскиот национален идентитет - а ова го условува со блокада на македонското членство во ЕУ. Воедно, Бугарија продолжува да го негира постоењето на големото македонско малцинство, кое се соочува со дискримијација, како и на Македонците во целина.

Со своите постапки, Бугарија продолжува по примерот на Грција, која ја блокираше Македонија со свои барања, и ѝ го наметна крајно навредливото име 'Северна Македонија' (целта на ова име е да се негира македонскот национален идентитет, а Грција притоа да го преземе името 'Македонија') и откажување од големото, прогонувано македонско малцинство во Грција. Во замена за овие услови, Грција го крена ветото за членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Веруваме дека повеќето европски пратеници и политичари воопшто не се свесни за разурнувачките последици од принудното менување на името, идентитетот и историјата врз Македонците ширум Балканот, како и за експоненцијалниот пораст на бројот на случаи на кршење на човековите права, говор на омраза и напади кои ги трпат Македонците по овие настани. 
Како што ММДЧП постојано укажува, режимот во Република Македонија задушува какво било несогласување против принудното менување на името, и наметнува атмосфера на страв користејќи ги следните тактики: апсење на дисиденти; напади со полициски специјалци кои претепуваат и апсат мирни демонстранти; отпуштање (од јавниот и од приватниот сектор) на илјадници Македонци; затворање на медиуми и изрекување затворски казни за новинари; блокирање на пристап до социјалните медиуми за поединци и гласила; забрана и криминализирање на употребата на името 'Македонија'; истраги и закани против македонски граѓани врз кои се организираат физички напади и палежи; и натамошното, незаконско држење на македонски политички затвореници во притвор под ужасни услови.

Суштината на таканаречениот македонски 'конфликт' е единоставна - ниту една нација нема право да именува (или пременува) и да дефинира (или редефинира) друга нација. Згора на тоа, Бугарите и Грците не ни кријат дека нивните барања од Македонија имаат за цел да се негира постоењето и прогонот на Македонците во нивните граници. И покрај јавните изјави на бугарски и грчки политичари со кои се негира постоењето на Македонците, со кои не прогласуваат за 'пониска форма на луѓе', и се слават неодамна потпишаните договори со Македонија со кои се негира правото на Македонците на самоопределување, водачите на НАТО и ЕУ и понатаму ги прогласуваат овие договори за 'дипломатски успеси'.

На пример, откако Бугарија ги најави своите директни барања Македонија да прогласи дека Македонците 'потекнуваат од Бугарите', дека македонскиот јазик е 'дијалект на бугарскиот јазик', дека "нема македонско малцинство во Бугарија", и дека Македонците мораат да си ја сменат историјата при што ќе одречат дека Бугарија била сојузник на нацистичка Германија и окупаторска сила во Македонија за време на Втората Светска Војна, и дека 'не е одговорна за депортирањето на над 7,000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка', портпаролката на ЕУ Ана Писонеро се осмели да го каже следното: 'Договорот од Преспа (со Грција), заедно со Договорот за добро-соседски односи со Бугарија, се позитивен пример во регионот и пошироко. Важно е овие билатерални договори и понатаму да се спроведуваат со добра воља'.

Од една држава и еден народ не може и не смее да се очекува да 'спроведуваат со добра воља' договори потпишани со нивните угнетувачи, чија цел е да се избрише нивниот етнички идентитет и правото на само-определување.

Ги повикуваме сите евро-пратеници и политичари - кои се заинтересирани да помогнат во бранењето на човековитее права - да го осудат принудното преименување на Македонија, да побараат крај на анти-македонските политики на НАТО и ЕУ, и да го бранат правото на Македонците да на своето сопствено име, идентитет и историја“.

 

Легенда под Главна слика

Маријана Петир

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе