Петар Богојески ја промовираше националната платформа за иновативни идеи Македонски концепт

Претседателот на Унијата на европски федералисти на Македонија (УЕФМ) Петар Богојески, синоќа ја промовираше националната платформа за иновативни идеи Македонски концепт.

Идејата на „Македонски концепт“, рече Богојески, е да ги обедини сите граѓани, политички организации, невладини организации и политички партии околу заедничко верување, обединети околу заеднички вредности и принципи.

„Избравме да тргнеме по сопствен пат и длабоки реформи во општеството, комплетна промена и реставрација на системот и на државата, нешто кое е целосен дисконтинуитет. Од сѐ она што се случуваше досега, последниве 30 години, сите граѓани, политички организации, невладини организации, па и политички партии можат да бидат дел од Македонски концепт“, рече Богојески.

Во однос на можното учество на изборите, Богојески рече дека тоа ќе зависи од граѓаните и организациите, политичките партии... ако го поткрепат овој концепт, тогаш имаме добра шанса.

„Тоа зависи од граѓаните, доколку овој денешен наш апел наиде на слух кај организациите, кај политичките партии и кај граѓаните пред сѐ и доколку граѓаните го поткрепат овој концепт и ова видување мислиме дека има добра шанса без разлика на измените или на изборниот модел ние да понудиме поинакви, поиновативни и поквалитетни решенија од оние кои денес ги нудат актуелните неколку програми“, рече Богојески.

Тој вели дека Македонски концепт не е политичка партија, туку платформа или политичка програма, која се промовира во рамки на регистрираната Унија на европски федералисти на Македонија која пред една недела стана официјален дел на Унијата на европски федералисти во Европа, додавајќи дека таа е политичка организација која дава силна поддршка на процесот на продлабочување, но истовремено и проширување на Европската Унија.

Во моментов платформата ја финансираат од сопствени извори и од пријатели кои гледаат иднина во неа, и се надеваат дека во иднина ќе обезбедат дополнителни средства за да можат да бидат поприсутни кампањски во јавниот простор, но и на терен меѓу граѓаните.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе