Реакција

Петар Богојески: Ајде и Бугарија и Србија да ги отворат архивите за македонското прашање

Бугарската страна бара отворање на архивите на југословенската служба и нивно објавување, како услов да констатираме меѓусебно добрососедство. Супер, еве и ние истото го бараме. Ама Бугарија бара на погрешна адреса. Ја упатувам да се обрати во Белград и таму да бараат југословенски архиви. И ние одамна ги бараме, ама ги нема. Еве сега Бугарија нека ја искористи својата позиција во ЕУ, нека ѝ стави услов на Србија за влез во ЕУ да ги објават југословенските архиви, а не на Македонија да ѝ става услови, вели во изјавта за МКД.мк Петар Богојески, лидер на политичката платформа Македонски концепт.

Тој реагира на Изјавата на Бугарија во која се условува евроинтеграцијата на Македонија во ЕУ и изјавите на бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев.  

„Како до сега не се сети тоа Софија да го побара од Белград, а Србија е при крај во преговорите со ЕУ? А се сетија да се удира врз Македонија, која не започнала преговори? Добро е за европска Србија исто така, да расчисти со своето минато и да влезе прочистена во ЕУ. Еве, ние ја охрабруваме и Србија да ѝ помогне на Бугарија да ги оствари своите барања кон Македонија. Ајде да бидеме сите европјани на Балканов!

Ама и ние од Македонија сега имаме еден услов за Бугарија. Бараме од Бугарија да ги објави архивите за соработката помеѓу југословенските и бугарските служби. Особено оние кои се однесуваат на македонското прашање и македонската држава. Особено не интересираат позициите на ГРУ (руска воена служба со седиште во Софија) и нападите врз натовска Македонија, координирани од Софија. Од наш македонски национален интерес е да се отворат архивите на целиот свет по македонското прашање, особено оние на Белград и Софија. Може ли да очекуваме брз одговор?

Бугарија нека се расправа со Србија за србизацијата на Македонија или за југословенските злосторства. Не со Македонија. Не заборавајте дека Македонија е жртва во таа игра на балканските држави, а не џелат.  Ние, денешните Македонци, никој ниту сме убивале, ниту сме малтретирале. Ние не сме геноциден народ. Бугарија дефинитивно ја погреши адресата“, вели Богојески.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе