Пешевска за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Кога нема искрен дијалог, тогаш решение е улицата

Кога нема искрен дијалог, тогаш решение е улицата и сосема легитимно право е да протестираме и да излеземе на улица за суштински прашања. Ние не излегуваме про форма, туку со сериозни барања, затоа што и претходните години се стекнавме со огромна недоверба од оваа власт. Не е само недовербата на ВМРО-ДПМНЕ кон оваа власт туку и од народот и ние го слушаме гласот на народот. Едно многу сериозно суштинско прашање во многу сензитивен период за државата што се случува. Ова го истакна претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, Жаклина Пешевска во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон" на Алсат зборувајќи за блокадите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Доста е, Излези за Македонија".

„Пред извесно време во Собранието инициравме расправа во Комисијата за надворешна политика. Ако добро се сеќавате, еве ќе ја потсетам и јавноста, тогаш два пати ги повикавме пратениците од мнозинството за да изградиме заеднички став како одговор на меморандумот или декларацијата која што ја изгласа тогаш бугарското Собрание и сметам дека треба да имаме одговорност пред народот. За жал, колегите од мнозинството тогаш не се одзваа на поканата со образложение дека не чувствуваат потреба да коментираат за тоа", истакна Пешевска.

Пешевска додаде дека доколку тогаш се изградеше заеднички национален  став позицијата на Македонија во овој спор ќе беше значително подобра.

„Ќе дадевме една многу голема сериозност и тежина во оваа многу сензитивна ситуација за државата ако изградевме заеднички став. Не мораше да се поддржат нашите заклучоци кои што беа предлози на таа Комисија за надворешна политика, но сметам дека ако имавме еден национален став од националното наше Sобрание како пратеници и како одговорни пред народот, мислам дека дополнителна тежина ќе беше и пред европските истанци, а вака останува народот да нагаѓа", потенцираше Пешевска.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе