„Пеперутка 3“ нова градинка во Драчево за 110 дечиња

Новата градинка во Драчево обезбедува најсовремени услови за развој на дечињата од предучилишна возраст, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска при денешната посета на детската градинка „Пеперутка 3", во населба Драчево во Општина Кисела Вода.

Градинката која е изградена во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика обезбедува згрижување на 110 дечиња од предучилишна возраст.

Новоизградената градинка „Пеперутка 3", под управа на ЈОУДГ „8. Март", обезбедува високи нормативи на просторните услови за престој на дечињата прилагодени на нивната возраст, како и имплементација на современи методи за предучилишно образование кои овозможуваат правилен детски развој и реализација на концептот – учење преку игра.

„Горда сум што со овој целосно нов објект го решаваме горливиот проблем на родителите од населбата Драчево за згрижување на децата и тоа во најсовремени услови кои обезбедуваат правилен ран детски развој. Тоа е и доказ дека како Влада и како Министерство сме целосно посветени на мисијата да ги пресретнеме потребите на граѓаните за поголем пристап до социјалните услуги и за поквалитетен живот. Заложбата на Министерството е контиунирано вложување во изградба на нови современи енергетски ефикасни капацитети за згрижување на децата, како и квалитетен ран детски развој. Заедно со петте градинки од овој Проект, кои веќе работат, од 2017-та година досега се изградени 71 градинка, што е вистинска придобивка за граѓаните“, истакна Тренчевска.

Таа потенцираше дека покрај инфраструктурното вложување, Министерството е посветено и на унапредување на капацитетите на воспитно-образовниот кадар во градинките со цел подигнување на квалитетот на раниот детски развој.

Изградбата на градинката е во вредност од 38,8 милиони денари и дополнителни 4,3 милиони денари за ентериерното уредување. Објектот на градинката „Пеперутка 3" во Драчево се вбројува меѓу објектите со високи перформанси и поседува фасада која има функција на прочистувач, зафаќајќи ги штетните честички од амбиенталниот воздух кои потоа се отстрануваат преку дождови. Новата градинка е и енергетски ефикасна, што е од големо значење при финансирањето на нејзиното редовно функционирање од страна на општината.

„Покрај ставањето во функција на овој објект, кој беше изграден пред речиси две години, но дури сега беа надминати администативните бариери за негово отворање, Општина Кисела Вода интензивно работи на изградба на нови градинки и проширување на капацитетите на постојните објекти. Во финална фаза сме на подготовка на објектот во кој ќе биде отворена првата градинка во Усје. Тука ќе бидат згрижени околу 100 дечиња од населбите Усје, Стаклара и Градинар. Работиме на проширување на капацитетот на градинката „Ѓурѓица" во Пинтија. Веќе е започнато реновирањето и на објектот „Кокиче", каде ќе може да примиме нови 150 дечиња, а ќе потсетам дека веќе го проширивме капацитетот и на објектот „Синоличка" од ЈОУДГ „Весели Цветови", изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека како Општина имаат подготвен проект за целосно нова градинка во Расадник и во моментов работат на финансиската конструкција, односно на начинот на финансирање за нејзината иградба. – Со тој проект, на среден рок го решаваме прашањето за предучилишната инфраструктура, додаде Ѓорѓиевски.

Изградбата на градинката е во рамки на Компонента 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги која има цел да го зголеми пристапот до квалитетни услуги за ран детски развој преку подобрување на услугите за предучилишно образование, зголемување на пристапот до квалитетни и енергетски ефикасни предучилишни установи и обезбедување на најдобри можности за учење и образование, соодветно на возраста на децата. Во рамки на оваа компонента, се спроведуваат и активности за зголемување на квалитетот на услугите во предучилишните установи преку унапредување на наставните програми, обуки на кадарот и поттикнување на родителите и семејствата за поддршка на холистичкиот пристап во развојот на децата.

Преку Проектот, 16 општини во земјава добиваат целосно нови или реконструирани градинки, со што ќе се обезбеди капацитет за згрижување на речиси 2.000 децата во повеќе градови и населени места.

Проектот за подобрување на социјалните услуги е дел од сеопфатната социјална реформа која ја спроведуваат Владата и Министерството за труд и социјална политика.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе