Според него, секаде во Европа, во државите кои направиле економска сигурност на својот пензиски фонд и на својот буџет, е вграден и вториот механизам, а тоа е порастот на просечните плати.
Тој додаде дека кај нас просечните плати растеа 10 пати повеќе во проценти од растот на цените на мало. Тоа ќе значи и видлив пораст на пензиите, рече Заев.
Заев рече дека СДСМ гради фер општество и дека настојува да им помогнеме на највозрасните граѓани на земјата, „затоа што тие им помагаат на своите деца и внуци, парите ги трошат, а овие пари ќе бидат благодет за развој на севкупната економија во земјата“.