На митинг во Делчево

Пензиите ќе се качуваат и според растот на просечната плата, рече Заев

„Сакам да објавам дека од 1 јануари пензиите ќе растат согласно растот на цените на мало и согласно растот на просечните плати, односно секој 1 јануари и секој 1 јули ќе имаме видлив пораст раст на пензиите, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на партиски митинг во Делчево. Тој нагласи дека досега пензиите растеа само согласно растот на цените на мало.

Според него, секаде во Европа, во државите кои направиле економска сигурност на својот пензиски фонд и на својот буџет, е вграден и вториот механизам, а тоа е порастот на просечните плати.

Тој додаде дека кај нас просечните плати  растеа 10 пати повеќе во проценти од растот на цените на мало. Тоа ќе значи и видлив пораст на пензиите, рече Заев.

Заев рече дека СДСМ гради фер општество и дека настојува да им помогнеме на највозрасните граѓани на земјата, „затоа што тие им помагаат на своите деца и внуци, парите ги трошат, а овие пари ќе бидат благодет за развој на севкупната економија во земјата“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе