Пенс испрати писмо до Заев: На референдумот потврдена огромната посветеност за европската иднина на РМ

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајкл Пенс испрати писмо до претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во кое му изразува уверување за неговата континуирана поддршка во овој важен момент за земјата.

Во писмото, соопшти владината прес служба, потпретседателот Пенс пишува дека му претставувало чест да се сретне со премиерот Заев на 20 септември во Белата куќа во Вашингтон и дека ја цени можноста заеднички да разговараат за спроведувањето на историскиот договор од Преспа со Република Грција.

Во своето писмо потпретседателот Пенс ја истакнува неговата благодарност за покажаното лидерство во постигнувањето на договорот и нагласува дека 90 отсто од оние што гласаа на референдумот го одобрија договорот од Преспа и со тоа ја потврдија огромната посветеност за европската иднина на Република Македонија.

„Соединетите Американски Држави ја споделуваат вашата посветеност за поголема сигурност и стабилност на регионот. Бидете уверени во мојата континуирана поддршка во овој важен момент за вашата земја“, пишува потпретседателот на САД во своето писмо до премиерот Заев, и истакнува дека во наредниот период очекува натамошно јакнење на пријателството меѓу двете земји.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе