Пендаровски за утре свика седница на Советот за безбедност

Претседателот Стево Пендаровски за утре во 13 часот свика седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Седницата ќе одржи во кабинетот на шефот на државата, а покрај членовите на Советот за безбедност, поканети се и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

Единствена точка на дневен ред е Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период, соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе