Пендаровски за утре свика лидерска средба за одлагање на изборите

Претседателот Стево Пендаровски за утре закажа лидерска средба на која ќе присуствуваат претседателите на парламентарните политички партии во земјава, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Беса, Алтернатива и Алијанса за Албанците.

Лидерската средба, како што објави на социјалните мрежи, ја свикал со една точка на дневниот ред – можност за одложување на парламентарните избори закажани на 12 април 2020, датум кој беше договорен од страна на лидерите на партиите на средбата која ја организирав во октомври 2019 година по Европскиот совет.
На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе