Пeндаровски за Трилинг: Идеите за прекројување на границите нема да добијат поддршка од ЕУ

Словенечкиот портал Нецензурирано објави факсимил од наводниот нон-пејпер што Љубљана во февруари го испратила до Брисел и неколку други ЕУ дестинации под наслов „Западен Балкан-патот напред“. Според овој документ наводно се предлага прекројување на границите во БИХ, спојување на Албанија и Косово. 

Дали за оваа тема на претседателскиот самит разговарале Пахор и Пендаровски? За емисијата Трилинг на ТВ24 од кабинетот на македонскиот претседател одговорија:

 

„На ниту една од средбите кои сум ги имал со претседателот на Словенија Борут Пахор во изминатиот период, не е разговарано за прекројување на внатрешните или надворешните граници на Балканот“, дециден е македонскиот претседател.

Македонскиот шеф на државата вели дека независно од тоа дали постои таков документ или не, неговиот став е одамна познат и многу пати кажуван, а тој е дека секое прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот. „Идеите за прекројување на границите нема да добијат поддршка од Европската Унија. Единствениот пат кој води напред кон подобар живот и благосостојба на граѓаните и државата е преку исполнување на неопходните реформи, клучни за наше придружување во европското семејство“, изјави Пендаровски.  

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе