Пендаровски: За техничката влада и изборниот модел треба да има согласност од власта и опозицијата

Претседателот Стево Пендаровски смета дека укинувањето на техничката влада и промената на изборниот модел треба да се прави со согласност на власта и опозицијата за да се постигне доверба во тие процеси.

„Јас како партија на власт, ако ме прашувате, не би се осмелил да одам во унилатерално менување или бришење на техничката влада се додека опозицијата нема верба дека ти на власт ќе направиш фер и демократски избори, сосема небитно што вели ОБСЕ/ОДИХР“, изјави Пендаровски во вечерашното интервју за Канал 5.

Вели дека би требало да се размисли за задржување на концептот на техничка влада што би можел дополнително да се уреди по примерот на држави со поголема демократска традиција.

„Техничка влада има во држави со голема традиција, но таму е фул техничка влада. Кај нас е само 4-5 ресори, заменик-министер, министер заменик кај што се вкрстува. Грција на пример, има влада последните месец, два, само од бирократи во сите ресори. Јас дури би одел и кон комплетна техничка влада, сите 15-20 ресори да бидат административци за кои ќе се согласиме кои ќе бидат“, кажа Пендаровски.

Техничката влада, според него, би била корисна зашто би ги канализирала политичките расправии меѓу власта и опозицијата.

„Што е пологично од тоа опозицијата и власта во очи на избори да се расправаат во влада? Нека се расправаат. Што бараме сега ние, идеално, сите исто да мислат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со иста влада исто да мислат. Не треба да мислат исто, ама нека бидат во иста влада и нека се расправаат на владини седници“, изјави претсдеателот Стево Пендаровски.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе