Пендаровски за Свети Климент Охридски: Да придонесуваме кон изградба на подобар и поубав свет

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед.

„Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот празник – Свети Климент Oхридски и да ви посакам празникот да го поминете во добро здравје, радост и среќа, исполнети со љубов и хармонија. Празнувањето на денот посветен на големиот просветител и патрон на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, за нас има многу повеќе од духовно и религиозно значење. Неговата писателска и воопшто научно-образовна дејност е темелот на кој го базираме нашето духовно, културно и општествено постоење. Делото на Свети Климент Охридски ги надминува сите етнички и географски рамки заземајќи неизбришливо место во меморијата на човечката цивилизација и со гордост го споделуваме со нашите соседи и со целиот eвропски континент“, напиша претседателот во честитката.

Поучени од хуманизмот, трудољубивоста, посветеноста и чесноста на Свети Климент Охридски, како што потенцира Пендаровски, да придонесуваме кон изградба на подобар и поубав свет.

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе