Претседателот ја прими шефицата на ЕК

Пендаровски за средбата со дер Лајен: Отворањето на пристапните преговори ќе ги интензивира реформите

Претседателот Стево Пендаровски вечерва ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, а во разговорот со неа шефот на државата изрази благодарност за нејзиниот личен ангажман и посветеноста кон земјите од Западен Балкан, информира кабинетот на Пендаровски. Отворањето на пристапните преговори за земјава ќе значат интензивирање на реформите и вкупен напредок, се согласиле Пендаровски и дер Лајен.

„Соговорниците разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека отпочнување на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија дополнително ќе го интензивира реформскиот процес и ќе овозможи економски и социјален напредок“, велат од кабинетот.

Претседателот Пендаровски ја нагласил важноста на поддршката од Европската Комисија во контекст на европската солидарност за вклучување на регионот во сите иницијативи предводени од Европската Унија, како и за ублажување на последиците од пандемијата со ковид-19.

Соговорниците разговараа и за актуелните случувања во регионот како и за економско-инвестицискиот план на Европската Унија за земјите од Западен Балкан, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе