Пендаровски за Гоце Делчев: Нека го чествува кој сака, тоа може нас да ни прави поголем мерак

Гоце Делчев е македонски револуционер, но и историска фигура, која ги надминува регионалните граници, па поради тоа не е спорно која било држава да ги слави и чествува ликот и делото на револуционерот, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски. 

„Тој е македонски револуционер кој придонел многу за нас. Но, за оние кои тврдат дека тој се борел за Бугарија, тоа за мене не е спорно. Секој може да чувствува некого како свој херој. Нека го чевствува кој сака, тоа може само на нас Македонците да ни прави поголем мерак и задоволство. Тоа што нѐ двои треба да треба да нѐ обединува. Ако тие тврдат дека тој бил Бугарин, кој се борел за бугарската кауза, не е спорно да го слават како битен историски лик. Дали за сите историски ликови треба да се расправаме чии се и за кого и за што дејствувале. Дали треба да спориме, на пример, дали Мајка Тереза била Албанка или Македонка или скопјанка…“, рече Пендаровски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе