Пендаровски за ЕРТ: Северна Македонија и Грција заедно ќе изградат европска иднина за двата народа

Преку Договорот од Преспа, Северна Македонија и Грција, конечно се пријатели и заедно ќе ја изградиме европската иднина за двата народа и за двете држави, вели новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, кој заедно со премиерот Зоран Заев, во изјава за грчката државна телевизија „ЕРТ“, кусо по завршувањето на вчерашната прес – конференција во штабот на СДСМ говорат за пријателството меѓу двете соседни земји по Договорот од Преспа.

„Овој резултат е јасна потврда на мнозинството граѓани и нивната волја да го поддржат Договорот од Преспа и второ ова мнозинство покажано на вториот круг на изборите е јасен глас на мнозинството за нашиот европски тек. Ние можеме да бидеме таму само поддржани од нашите грчки пријатели. И конечно преку Договорот од Преспа, Северна Македонија и Грција, конечно се пријатели и заедно ќе ја изградиме европската иднина за двата народа и за двете држави“, вели Пендаровски.

 Со слична оценка излезе и премиерот Заев.

„Се надевам дека пријателството ќе биде сигнал и добар пример за остатокот од светот. Ајде да градиме големо пријателство меѓу нашите две нации“, рече Зоран Заев за грчката телевизија „ЕРТ“.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе