Претседателот за проблемот со пристапните преговори со ЕУ

Пендаровски: Време е во живот да се врати договорот со САД за стратешко партнерство

„Клучниот проблем на ЕУ е носењето на одлуки со консензус. Без измени на тоа, Унијата не може да биде клучен геополитички играч“, изјави претседателот Стево Пендаровски. „Во услови кога проширувањето на ЕУ де-факто е замрзнато имаме две опции, да ја донесеме Европа дома и второ, според мене, треба наскоро да почнеме да го враќаме во живот договорот за стратешко партнерство со САД од 2008 година“, вели Пендаровски и нагласува дека ако продолжи спорот со Бугарија, мора да бараме алтернативи. „Ако цената за влез во ЕУ е да се обезличиме, не ни e потребна ЕУ“, нагласува шефот на државата.

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на панел дискусија на тема „Триесет години независност и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија", во организација на невладината организација Еуропроспера, објави кабинетот  на шефот на државата.

Претседателот Пендаровски говореше за неуспехот на процесот на проширување, за принципот на консензус како причина за блокадите во ЕУ и парализираност во носењето на брзи одлуки, се вели во соопштението.

„Клучниот проблем на ЕУ е носењето на одлуки со консензус. Без измени на тоа, Унијата не може да биде клучен геополитички играч. Тоа доведува и до пораст на евроскептицизмот во регионот на Западен Балкан и во Северна Македонија, но и во самата ЕУ, што е поразително", рече Пендаровски.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски се осврна и на односите со соседна Бугарија и блокадата од Софија во контекст на македонските евроинтеграции. Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека ако цената за влез во ЕУ е да се обезличиме, не ни e потребна ЕУ.

Во тој контекст, а во однос на очекувањата од Советот на ЕУ, претседателот Пендаровски искажа скептицизам во однос на шансите Северна Македонија да добие одлука за почеток на пристапни преговори со Унијата.

„Јасно е кажано од Софија дека во недостаток на Парламент и во недостаток на политичка влада тие нема да можат да дадат зелено светло. Се што можеше од наша страна да биде понудено како гест на добра волја, а што не излегло од рамките на едно резонско разговарање и преговарање за битни аспекти на билатералата со Софија беше понудено. Се разбира, не можеме да влеземе во идентитетскиот комплекс и ако некој очекува дека по јули или август ќе го направиме тоа, тој се лаже", потенцира претседателот Пендаровски и додаде дека останува да очекуваме по конституирањето на новата бугарска Влада да кажат како ќе излеземе од оваа ситуација којашто самите ја создадоа.

На панел дискусијата претседателот Пендаровски го оцени како одличен португалскиот предлог за надминување на спорот со Бугарија, објаснувајќи дека според него се декларираат позициите на двете страни.

„Во услови кога проширувањето на ЕУ де-факто е замрзнато имаме две опции, да ја донесеме Европа дома и второ, според мене треба наскоро да почнеме да го враќаме во живот договорот за стратешко партнерство со САД од 2008 година. Ова не значи откажување од европските интеграции, напротив. Но, ако продолжи спорот со Бугарија, мора да бараме алтернативи", додаде претседателот Пендаровски.

Во однос на економскиот развој и просперитет, претседателот Пендаровски посочи дека нашиот регион заостанува во физичката и дигиталната инфраструктура во споредба со земјите од ЕУ. Оттука, неопходна е помош од ЕУ и САД за побрза демократизација.

На панел дискусијата „Триесет години независност и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија", претседателот Пендаровски се осврна и на значењето на Рамковниот договор, за неговата имплементација во државата, како и за значењето и придобивките од нашето членство во НАТО Алијансата, пишува во соопштението од кабинетот на претседателот на Македонија.

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе