Пендаровски во официјална посета на Германија

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, на 24 и 25 јуни 2019 година ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија, соопштуваат од неговиот кабинет.

Претседателот Пендаровски ќе остварел одвоени билатерални средби со  претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас.

За време на официјалната посета претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на Аспен институтот во Берлин, додаваат од кабинетот на Пендаровски.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе